Еден од водечките бразилски спортски сајтови – Jornal Oglobo – најави дека во март ќе се одржи долго очекуваниот мега судир меѓу Витор Белфорт и Андерсон Силва. Нивната борбат треба да биде главна на ММА турнирот УФЦ 197, кој ќе се одржи во Бразил.
Веста не е толку изненадувачка, имајќи предвид дека пред една недела лично претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека активно работат на организацијата на овој меч. Но се уште ништо официјално не е најавено од страна на организацијата.
Првата средба меѓу нив беше во 2011 година., кога Силва го забележа победа со еден од најубавите нокаути во историјата на УФЦ и го онесвести Белфорт уште во првата рунда.
Но, од тогаш до денес двајцата борци поминаа многу поинаков пат – Силва ја отслужуваше казната поради позитивен допинг тест и е со два последователни порази, а Белфорт се бореше двапати за титулите на УФЦ во различни категории.