Андерсон Силва е новиот противник на Даниел Кормиер

Anderson Silva Kormier

Отстранувањето на Џон Џонс од УФЦ 200 поради позитивен допинг тест значеше дека шампионот во полутешка категорија Даниел Кормиер останува без противник.

Сепак, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, реагираше брзо и успеа да најде во последен момент противкандидат на Кормиер, а тоа е легендарниот Андерсон Силва.

„Спајдер“ се враќа во октагонот за првпат откако загуби од Мајкал Биспинг оваа година, но останува да видиме како на него ќе влијае недостатокот на време за подготовка за средбата со Кормиер.

Дуелот помеѓу Кормиер и Силва е во полутешка категорија и нема да биде за титулата, која е во сопственост на Кормиер. Средбата ќе биде во три рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON