Андреј Стојчевски и Мила Николова од Кизаме го зголемија успехот на на македонските каратисти на силниот Меѓународен турнир Карате Гран при Хрватска во Самобор, со освојувањето на бронзите во кадетска конкуренција и во борби за девојки 11-12 години.
Со овие одличја Македонија освои 13 медали – 3 златни, 5 сребрени и 5 бронзени. Во вкупниот пласман е осма, прва е Италија со 54 медали (17-11-26), втора е Хрватска 71 (16-20-35), а Словачка е трета 33 (10-6-17).
Стојчевски покажа одлучност и во репасажо извојува две победи за бронзениот медал. Во одлучувачката борба славеше против Жељко Перван (Хрватска) 2-0.
Да потсетиме дека вчера медали освоија: Витомир Трајковски (-84 кг, Макпетрол) златен, Андреј Ангеловски (-84 кг, Олимпик спорт) сребрен, Сетфан Стојмиров (-67 кг, Ботони) сребрен, Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол) сребрен , Рудина Алиу (-61, Цветан Димов) и Викторија Јовановска (-61 кг, Мапетрол) бронзени, Матеј Белистојаноски (-60 кг, Олимпик спорт) сребрен и Бојан Костов (-60 кг, Олимпик спорт) бронза, Јована Мицовска (Макпетрол) и Матеј Белистојаноски (Олимпик спорт) златни и Димитар Лозановски (Макпетрол) сребрен.
Може да се каже дека ова беше добар последен тест пред Европското првенство за кадети, јуниори и до 21 година кое на почетокот на февруари се одржува на Кипар.
Резултати
-57 кг кадети бронза
Андреј Стојчевски – Мартин Михов (Бугарија) 2-0
Андреј Стојчевски – Иван Лимар (Украина) 4-2
Андреј Стојчевски – Назари Праничук (Украина) 0-2
Репасаж
Андреј Стојчевски – Филип Шошкиќ (Црна Гора) 3-2
За бронза
Андреј Стојчевски – Жељко Перван (Хрватска) 2-0
-49 кг 11-12 години – бронза
Мила Николова – Мелиса Гавиоли (Италија) 6-3
Мила Николова – Елин Јаначи Ќопиќ (Хрватска) 2-10
За бронза
Мила Николова – Алесија Пејчиновиќ (Хравтска) 5-0