Андреј Наков најдобар на турнирот „Андонов-Колев“ во Кочани

Andej Nakov i efka

Најдобар борач на осумнаесетиот Меморијален турнир во борење слободен стил „Акдонов-Колев“ е Андреј Наков од екипата на БК „Спартак“, домаќин и организатор на меморијалот посветен на двајцата истакнати борачи и судии на некогашниот вицешампион на Европа.

borenje kocani 3

Наков супериорно го освои првото место во категоријата до 65 килограми, а подоцна го прими пехарот за најдобар борач од рацете на претседателот на „Спартак“, Јордан Димитров. На 18-то издание на Меморијалот „Андонов-Колев“ (кое се одржа во салата на ОУ „Никола Карев“) учествуваа досега намал број на борачи-едвај 18 од пет боречки клуба во државата: „Спартак“ (Кочани), „Балканец“ (Штип), „Неготино“, „Лирија“ (Скопје) и „7-ми Мај“ (Прилеп). Поради малиот број на учесници се одржаа борби само во пет категории, а годинава победници станаа:

42 кгр. Омер Фуга (Лирија)
47 кгр. Фати Весели (Лирија)
53 кгр. Џан Демиров (Балканец)
59 кгр. Минир Реџепи (Лирија)
65 кгр Андреј Наков (Спартак)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON