Андреј Димитров од Дан кју на Балканското првенство во џиу џицу за У-12, У-18 и У-21 го освои сребрениот медал во Подгорица, Црна Гора.
Димитров ги доби борбите против натпреварувачи од Кипар и Црна Гора, а загуби од Грк.
Дарко Стојановски беше близу до медал, но мораше да се задволи со чевтрото место, а Јаким Колевски е седми. Покрај нив на турнирот настапија и Давид Дамовски и Зоран Колевски, кои во своите категории имаа по 16 борци.
„И покрај нивните одлични борби не успеаја да дојдат до медал. Ова е второ учество на мои борци на вакво првенство, првото беше во Кипар минатата година каде што Давид Дамовски се избори за третото место. На моите борци им честитам за покажаната борбеност, одиме понатаму во нови победи“, вели тренерот Александар Ацевски.
Да потсетиме дека Катерина Ацевска го освои бронзениот медал еден ден порано на Светскиот куп.
Ipon.mk/В.Д.