Љубители на ММА со нестрпленија ја очекуваа на УФЦ 191 борбата на Арловски и Мир, но посакуваниот спектакл изостана.
Во пресметката на двајцата тешкаши на крајот со едногласна одлука славеше Андреј Арловскиi, а неговата победа беше пречекана со свирежи. Откако го гледал натпреварот против Мир, тој е убеден дека неговата презентација не заслужува свирежи и негодување на гледачите.
„Знаете што, не сакам да бидам безобразен, но, но нека се ебат сите. Лесно е да се остане на каучот и да се каже нешто. Ставете ракавици и влезете со некого во октагонот. Слушнете, направив што направив и јас сум среќен за некои периоди од борбата. На пример, кога ме собори бараше кимура. Го очекував тоа и се извлеков, потоа добро го контролирав цело време. Се разбира, немаше нокаут, но тоа не беше ниту најлошата борба. Ја гледав во борбата неколку пати и ја добив секоја рунда, како што се изјаснија судиите. Веќе ниту слушам ниту читам некои работи на интернет“, рече Андреј Арловски за Сабмишн радио.