Иако Андреј Арловски веќе има закажан дуел во мај против Алстер Оверем, се уште силно посакува реванш меч против Федор Емилијаненко. Во 2009 година несреќно ја загуби борбата со нокаут.
Во моментов Федор е во јапонската организација Ризин и бара нов противник. Голем број на добри борци изразија желба да се борат против него, очигледно дека Арловски верува оти има шанса за тоа.
Според него, од УФЦ нема да имаат ништо против да се бори со еден од најомилените ММА борци, и тоа во друга организација.
Еве што вели Беларусинот:
„Што да ви кажам за Федор и неговото учество во Ризин ФФ – човече, тој се бореше со некој индиски актер. Ајде да дојде во УФЦ и да се бори со овдешните момчиња. Некаде прочитав дека дури изрзил желба за меч за титулата против Вердум. Не ли е логично да направи еден-два дуели во УФЦ пред да добие шанса за титулата?
Да, свесен сум дека тој е национален херој во Русија и ќе бидам исклучително критикуван за тоа што реков сега, но тоа не ме прави лош борец, ниту ќе ме направи сакан во Русија.
Искрено, верувам дека можам да го убедам Дана Вајт да ми даде шанса да се борам со Емилијаненко во друга организација“.