Андреа Нисева на Државното првенство на Бугарија во Враца го освои првото место во кадетска конкуренција (У-17) со четири убедливи победи, сите добиени со технички туш.
Со ова обезбеди место во кадетска репрезентација. Од друга страна, Олимпија ги поднесе документите до Боречката федерација на Македонија за прием на клубот и регистрација на борачите, што подразбира и настап на најдобрата борачка за Македонија.
„Се уште нема одговор. За ова е запознат и министерор Борко Ристовски кој вети дека лечно ќе се заложи Олимпија да ја врати во федерација. Посебно вети дека ќе ја врати Андреа Нисева да ги брани боите на Македонија, бидејќи, како што знае, во 2025 година Европското првенство во У-17 ќе се одржи во Скопје“, вели Методи Сичков од Олимпија.
На ова Државното првенство во Бугарија беа и тренерот Ацо Крстев, како и Кире Нисев и Гордан Николов.
По завршувањето на Државното првенство Андреа Нисева со нејзиниот личен тренер замина на подготовки во Јалова,Турција, од 11 до 20 ноенври.