Андреа Нисева ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство во Унгарија

Штипјанката Андреа Нисева ќе се бори за бронзен медал на Европското првенство во У-15 во Капошвар, Унгарија.

Нисева за борба за бронзата се избори по победата во репасажот над Полина Посохова која настапува како независна борачка (така настапуваат борачите и борачите од Русија и Белорусија).

Ќе потсетиме дека борачката на штипска Олимпија настапува за Бугарија, поради суспензијата на клубот и недоразбирањата со нашата федерација.

Резултати на ЕП:

54 кг
Андреа Нисева (Бугарија) – Бегум Дикиџи (Турција) 12-7
Андреа Нисева (Бугарија) – Миранда Капанадѕе (Грузија) 1-4
Репасаж
Андреа Нисева (Бугарија) – Полина Посохова (Независна) 7-0
За бронза
Андреа Нисева (Бугарија) – Јулија Гибалска (Полска)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON