АктуелноБорењеОстанато

Андреа Нисева е трета најдобра борачка за 2025 година на БФБ

Андреа Нисева е трета најдобра борачка во годишното рангирање на Бугарската федерација за борење за 2025 година.

Кај жените најдобра борачка е Јулијана Јанева-светска вицешампионка, а на второто место е Билјана Дудова.

Признанијата на најдобрите и беа врачени денес во Софија во салата „Дијана“, од страна на Станка Златева, претседателка на БФБ.

Годинава Андреа освои бронзен медал Европското првенство и стана балкански шампион. Таа е една од најнадежните спортистки во женско борење и е на возраст од 16 години.

„Жива и здрава да е! Очекуваме олимписки победник и безброј европски и светски победи“, велат од нејзиниот матичен клуб Олимпија од Штип.

Во машка конкуренција најдобар борач е европскиот шампион Магомед Рамазанов, втор е Георги Иванов, а трето место го делат Колојан Атанасов и Адријан В’лканов.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON