АктуелноБоксПрофесионален

Андре Ворд за Тајсон Фјури: Се обидува да открие кој е всушност

„Мојот пастор ми рече: „Дре, пензионирањето е како смрт. Ќе ти дојде во бранови, ќе се врати и ќе мора да се справиш со тие емоции“. Сочувствувам за Тајсон и за патувањето низ кое минува. Тој се обидува да открие кој е, дали сè уште може да го стори тоа и дали е безбедно“, рече Ворд.

Тајсон Фјури вети дека ќе ги закачи ракавиците на клинец по двата порази од Aлександaр Усик. Но, не помина долго време пред да објави (уште еден) спектакуларен камбек. Неговата одлука ја коментираше боксерската легенда Андре Ворд, кој со ужасна искреност го опиша пеколот низ кој минуваат пензионираните шампиони.

Боксерскиот свет преживува чувство на дежа ву откако Тајсон Фјури повторно го прекрши ветувањето за пензионирање. Но, поранешниот непоразен шампион Андре Ворд, кој самиот се пензионираше со чист скор од 32 победи и нула порази, има длабоко разбирање за постапките на Фјури.

Во ексклузивно интервју откри дека тргнувањето од рефлекторите е еден од најтешките периоди низ кои може да помине еден борец во својот живот.

„Мојот пастор ми рече: „Дре, пензионирањето е како смрт. Ќе ти дојде во бранови, ќе се врати и ќе мора да се справиш со тие емоции“. Сочувствувам за Тајсон и за патувањето низ кое минува. Тој се обидува да открие кој е, дали сè уште може да го стори тоа и дали е безбедно“, рече Ворд.

Враќањето на Фјури нема да биде изненадување. Тој ќе се соочи со рускиот гигант Арсланбек Махмудов на 11 април, во живо на Нетфликс. Се очекува борбата да биде првиот чекор во амбициозниот план да боксира три борби оваа година и да се врати на врвот на тешката категорија.

Канадскиот жител Махмудов претставува опасна пречка што британскиот борец мора да ја надмине ако сака да размислува за поголеми имиња.

Иако Ворд не ја осудува одлуката на Фјури, тој му испраќа јасна порака:

„Се надевам дека ќе стигне до точка каде што ќе може да се пензионира со доволно мир и да најде смисла во животот надвор од спортот“.

Доколку Фјури успее во април, ќе му се отворат интересни опции. Се шпекулираше за усмен договор со шампионот на ВБО, Фабио Вордли. Од друга страна, долгоочекуваниот судир со Ентони Џошуа сега виси во воздух.

„Еј Џеј“ се опоравува од трагичната сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа двајца негови пријатели, а неговата иднина во рингот е неизвесна. Секогаш постои можност за трилогија со Александар Усик, единствениот што го победи Фјури двапати.

Патот кон искупувањето започнува во април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON