Андре Ворд во Лас Вегас со тесна судиска одлука му го нанесе првиот пораз на Сергеј Ковалев и ги освои титули на ВБА, ВБО и ИБФ на полутешка категорија.
Сите судии мечот го бодуваа 114-113, но многумина се согласуваат дека станува збор за домаѓинска одлука.
„Не бев изненаден кога ја слушнав одлуката, не знам од каде ви е тоа. Знам дека борбата беше блиску. Можеше да слушнете дека публиката мисли дека победив. Бев шампион и пред тоа. Знаев дека тоа ќе биде тешка борба. Ова не е прв пат во кариерата да бидам соборен. Работеше се што мислев дека ќе работи“.
„Почна како што очекував. Мојот тренер направи одлична работа. Тешко ми е самиот себе да се нарекувам сјаен. Но, на крајот, јас сум светски шампион во две тежински категории. Се разбира дека ќе го прифатам реваншот. Нема веднаш да преговарам за борбата, ќе отидам дома, ќе се одморам и ќе видимам што понатаму“.
„Мислам дека по нокдаунот во втората рунда Ковалев сфати дека не одам никаде и додадов гас. Ова беше мојата најголема победа и победата што ми донесе најмногу задоволство. Технички, секогаш постојат работи за кои може да се фаќате за ситница. Не сум среќен поради тој нокдаун. Бев мирен. Тоа беше флеш нокдаунот. Не бев повреден. Всушност, ниту еден негов удар не ме повреди“.