Светскиот шампион во бокс на ВБА, Сергеј Ковалев, потпиша договор за меч против поранешниот шампион, Андре Ворд. И Американецот денес ја потврди веста.
„Договорот е потпишан. Се уште не можам да кажам точен датум, но најверојатно ќе биде во ноември“.
За сега најверојатен датум е 19 ноември, а местото – Лас Вегас или Њујорк. Сега останува двајцата боксери да ги добијат претстојните дуели.