Поранешниот светски шампион во супер средна, Андре Вард (29-0, 15 КО) успешно дебитираше во полутешка категорија.
С.О.Г. во Оукленд, Калифорнија, со убедлива судиска одлука му го нанесе првиот пораз на Кубанецот Саливан Барера (17-1, 12 КО). Американецот со лево кроше во третата рунда го направи единствениот нокадаун во борбата, а судијата во осмата рунда му одезе бод поради низок удар.
Судиите мечот го бодуваа: 117-108, 119-109 и 117-109.
„Во мојата глава можеби сакав нешто да си докажам, затоа што Вергил (Хантер, тренерот на Вард) побара малку повеќе да бидам на прсти. Мислам дека тоа е прашање на годините и искуство. Поминав низ битката, еволуирав и да станав поефикасен како борец, а тоа е она што го гледате сега“, рече Вард по натпреварот.
https://youtu.be/8GfxR-7pQ8Y