Андре Берто се дигна од подот и стигна до победа во дуелот на екс-светските прваци (ВИДЕО)

Андре Берто (32-5, 24 КО) славеше во дуелот на поранешните светски шампиони во Униондејл во Њујорк.

34-годишниот Хаитец се дигна од подот и на крајот со победелна одлука на судиите (113-114, 115-112, 115-112) го победи екс-светски шампион во две тежински категории Девон Александар (27-5-1, 14 КО).

Во третата рунда Берто се најде на подот по очигледен удар во тилот, но судијата одлучи да не го казни Александар, туку досуди нокдаун.

Ова му е првата борба од април 2017 година кога во борбата за задолжителен прдизвикувач на ВБЦ во велтер категорија го победи со технички нокаут Шон Портер.

Александар во февруари ремизираше со Виктор Ортиз.

Во воведниот дел на настанот поранешниот светски шампион Питер Килин (34-1-1, 23 КО) со едногласна одлука на судиите го совлда Ј’Леон Лав (24-2-1, 13 КО).

https://youtu.be/aBOWodEiBMg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON