Андре Берто е силно мотивиран пак да стане светски првак

Двократниот светски шампион во полусредна категорија, Андре Берто, е мотивиран повторно да дојде до титулата на 147 фунти. Тој е свесен дека до тоа ќе дојде преку победата над Шон Портер овој викенд во Бруклин. Се среќаваат во елиминациски дуел за појасот.

Берто одржи тренинг камп под раководство на тренерот Вирџил Нантер, а верува дека тоа сериозно ќе му помогне во претстојниот дуел.

„Имавме одличен камп. Фокусиран сум и се наоѓам во одлична форма. Да тренираш со Вирџил е како да се наоѓаш во училницата. Секогаш учам и растам како боксер, кога сум во салата со него. Секој ден даваме се до границата на своите сили и сум подготвен да работам уште поцврсто“.

Берто е сигурен дека е подготвен за сè што ќе му предложи Портер на рингот.

„Шон е одличен боксер, но ние сме фокусирани на она што мислиме да го направиме во рингот. Мојот боксерски интелект е многу поголем и сега сè што правиме, го правиме со цел. Направив одлични спаринг мечеви за време на кампот и поминав на сосема друго ниво. Мислам дека ќе бидам подготвен за сè ќе се случи“.

„Ме знаат заради мојата сила, брзина и експлозивност. Се ноѓам во фантастична форма. Да бидам трикратен светски шампион е голема мотивација за мене. Појасот на ВБЦ е првиот појас кој го освоив и сега си го сакам назад. Веќе се прибрав по поразот од Виктор Ортиз. Сега, да си го вратам зелениот појас, би значело да го затворам кругот“, рече Берто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON