Андраде со фрлање на глава ја освои титулата на УФЦ, Волкановски го совлада Алдо (ВИДЕО)

Џесика Андраде (20-6, 11-4 УФЦ) е новиот УФЦ шампион во сламка категорија.

По изагубената прва рунда пред домашната публика во Рио на УФЦ 237, 27-годишната Бразилка во втората со одличен потег ја нокаутира Роуз Намахунас (8-4, 6-3 УФЦ).

Кога бранителката на титулата нападна со кимура Андраде ја погоди и ја фрли на главата, притоа нокаутирајќи ја.

Ова беше еден од најимпресивните нокаути виден во УФЦ во последно време, а Андраде за него доби дополнителни 100.000 долари во бонуси. Покрај Роуз Намахунас кој со Андраде учествуваше во борбата на вечерта, 50.000 долари и доби Ворли Алвеш за нокаутот против Серхи Мораеш.

Александар Волкановски (20-1, 7-0 УФЦ) ja продолжува брилијантна низа во најсилната MMA промоција во светот.

Откако во претходната борба го нокаутира Чад Мендес, австралиско-македонскиот борец на гостински терен го победи поранешниот шампион во перолесна категорија Жозе Алдо (28-5, 10-4 УФЦ).

Во борбата водена на нозе, Волкановски мудро се бореше и дојде до победа со едногласна одлука на судиите со која го подобри својот скор на 7-0. На Алдо ова му беше првиот пораз на поени во текот на цеаата кариера.

„Јас сум следениот предизвикувач 100 отсто. Јас сум единствениот кој е без пораз во топ 3 и мора да бидам на прво место. Да го средам“, изјави Волкановски по мечот со Алдо.

Во топ 3 борците во оваа категорија уште се Брајан Ортега и Френки Едгар.

БЈ Пен (16-14-2, 12-13-2) постигна неславен рекорд забележувајќи го седмиот последователен пораз во УФЦ. „Продиџи“ е поразен со едногласна одлука од Клеј Гјуид (35-18, 15-12 УФЦ).

Рајан Спен (16-5, 2-0 УФЦ) со комбинација од десена директ и лев аперкат го собори и со неколку удари во партер го заврши ветеранот Антонио Рожерио Ногеира (23-9, 6-6 УФЦ), по 2 минути борба.

Џаред Каноњер со лоу кик во првата рунда го нокаутира Андерсон Силва.

УФЦ 237:
Џесика Андраде – Роуз Намахунас (KO, Р2)
Џаред Каноњер – Андерсон Силва (ТКО, Р1)
Александар Волкановски – Жозе Алдо (едногласна судиска одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Лореано Старополи – Тијаго Алвеш (30-27, 30-27, 29-28)
Ирина Алдана – Бет Кореија (сабмишн, армбар, Р3)
Рајан Спан – Антонио Рожерио Ногеира (КО, Р1)
Тијаго Мојсес – Курт Холобау (30-26, 30-26, 30-27)
Ворли Алвеш – Серхио Мораеш (КО, Р3)
Клеј Гјуид – БЈ Пен (едноглсна судика одлука, 29-28, 29-28, 29-27)
Луана Каролина – Прискила Качеира (едноглсна судика одлука, 30-26, 30-26, 29-27)
Раони Барлос – Карлос Хуачин (ТКО, Р2)
Вивијан Араухо – Талита Бернардо (КО, Р3)

https://www.youtube.com/watch?v=tEwYejJ4jA0

https://www.youtube.com/watch?v=V69b7SPvVoo

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=STpA1PwYjnE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON