Андерсон Силва на Форбсовата листа на најпознати Бразилци!

Anderson-Silva-Jones-

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија и еден од најдобрите ММА борци на сите времиња, Андерсон Силва, се наоѓа на листата на Форбс на 100 најпознати ѕвезди на Бразил во 2014 година. Бразилското издание на магазинот објави дека „пајакот“ се наоѓа на 27 место. Некои од критериумите за правење на листата се: приходи, медиумската популарност, бројот на следбеници на социјалните мрежи …

Уште еден член на УФЦ се најде на бразилската листа на 50 место, тоа е моменталниот предизвикувач за титулата во средна категорија, Витор Блфорт.

Нејмар, капитенот на бразилската репрезентација и ѕвезда на Барцелона, е на прво место, потоа следат Давид Луиз, Пауло Куељо, Ивет Сањало, Гиселе Будхен, Даниел Алвеж, Пеле, Роберто Карлос, Каетало Велосо и Лучијано Хак ја сочинуваат престижната Топ 10 листа на најбогати Бразилци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON