Андерсон Силва: Или борба со Јоел Ромеро за привремента титула или ја завршувам кариерата

Легендарниот Андерсон Силва призна дека е многу разочаран од шефовите на УФЦ.

Сето ова е последица на пропаднатата средба на Спајдер со Келвин Гаштелум на 3 јуни, орагизацијата не успеа да му пронајде нов противник на Силва.

„Веќе долго време сум во Рио на тренинг камп и сум многу лут, бидејќи ништо не се случува. Не знам, овие луѓе едноставно не зборуваат со мене. Ништо не се случува. Она што се случи со Гаштелум не беше по моја вина. Не е и мој проблем. Што ќе се случи сега со моите фанови? Што ќе се случи со луѓето кои платија за да ме видат како се борам? Уморни сум од тоа“, изјави Андерсон.

Силва упати ултиматиум до УФЦ – или ќе добие меч со Јоел Ромеро за привремената титула во средна категорија или ја завршува кариерата.

„Ако не ми дадат средба за привремениот појас јас завршив. Ќе си одам кај семејството и ќе го поминувам времето со нив“.

„Тоа се глупости. Уморен сум. Така сум уморен. Долго време покажував почит. Никогаш не сум зборувал лошо за УФЦ. Но, мислам дека сум готов. Се борам долго време во мојот живот. Уморен сум, брате. И многу сум разочаран. Имам свое наследство. Имам своја приказна. Ова е многу фрустрирачко, затоа што ова е втор пат да не се борам во сопствената земја“, рече легендарниот Андерсон Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON