Ренцо Гарсија, член на истакнатото бразилско семејство Гарсија вели дека во Абу Даби бил учесник во кавгата на две бразилски боречки легенди и дека таа, речиси, прераснала во физичка конфронтација.
Андерсон Силва и Витор Белфорт уште во времето на Прајд ФЦ во фоајето на хотелот, неколку години пред навистина во кафезот да застанат еден спроти друг.
„Тие стоеле пред хотелот, се карале, само што не се степале“, рече Ренцо за Сабмишн радио. „Застанав и ги гедав. Никој не беше околу нас. Отидов до нив и им реков: „Дечки, да се разјасниме една работа. Ако се тепате, јас нема да ве раздвојам. Јас ќе седам тука и ќе ве гледам, бидејќи навистина сакам да ја видам оваа борба“, а тие двајцата автоматски се замолчале и секој тргнал по својот пат.