Андерсон Силва го притиска Дана Вајт за борба со Мек Грегор

Легендарниот Андерсон Силва се уште ја посакува борбата против Конор Мек Грегор.

Претходно и двајцата сакаа да се борат, но ништо не се случи. Во моментов, Мек Грегор прави пауза од боречките спортови, но постојано сугерира дека не ги завршил борбите. „Пајакот“ влегува во кафезот овој викенд и ќе се бори против Џаред Каноњер. Силва не е во цевтот на младоста, а според договорот има уште неколку битки. Бразилецот сака една од овие борби да биде против Конор Мек Грегор, за да обезбеди пари за наследниците.

„Верувам дека борбата меѓу нас двајцата ќе биде многу интересна за спортот и за навивачите. Ја прифаќам оваа средба, исто и Мек Грегор, но тоа зависи од Дана Вајт. Ајде шефе, дај и ја таа борба на навивачите. Две големи имиња ќе се борат и Дана ќе заработи многу пари, а, од друга страна, предизвикот е голем и за двајцата. Мислам дека борбата меѓу нас може да се случи во категорија до 82 килограми. Ова е супер борба за навивачите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON