Андерсон Силва доби суспензија од една година и посолена глоба!

anderson-silva-funny

Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ конечно стигна до одбрана пред Спортската комисија по повод двата позитивни допинг теста во врска со УФЦ 183. 

Средбата се одржа во јануари, а одбраната на борецот беше вчера, бидејќи неколку пати беше одложувана. Сослушувањето траеше доста долго време. Работите не изгледаа добро уште од самиот почеток, бидејќи Комисијата беше многу скептична во врска со одбраната на Силва дека резултатите се последица на загадени секс-стимуланси со стероиди.

По се, Силва е суспендиран 12 месеци, резултатот од мечот со Ник Дијаз е преименуван во не се одржал, а тој ќе мора да го врати бонусот од 200.000 долари за победата и ќе биде казнет со 30 отсто од надоместокот, кој беше во висина од 600.000 долари.

Одбраната на Силва не беше особено добра, но и судиите од Комисијата не беа на ниво, бидејќи телефонот на еден од нив заѕвони со тематската мелодија „Lets Talk About Sex“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON