Легендарниот Андерсон Силва смета дека борбата со Ураја Хол ќе биде последна за него во славната кариера. 45-годишниот Бразилец ќе се бори против Хол на 31 октомври во главната борба на УФЦ Фајт најт 182. Силва е во серија од два последователни порази и има победено само на една од последните осум борби во УФЦ.
Во неговиот последен меч загуби со технички нокаут од Канониер и се здоби со повреда на коленото, за што беше потребна операција. Силва не победил три ипол години и неговиот последен успех е над Брансон на почетокот на 2017 година. Андерсон не победил 8 години.
„Можеби ова е мојата последна борба во ММА. Затоа тренирам напорно и давам се од себе. Сите луѓе од мојот тим ми помагаат. Многу сум возбуден, затоа што мислам дека ова ќе биде мојот последен настап во кафезот за фановите. Ќе видам. Добрата приказна е дека Андерсон Силва се бори за титулата и ја освојува, а потоа заминува во пензија, но тоа е нешто што не можете да го направите во реалниот живот. Возбуден сум што продолжувам да работам и ќе направам нешто посебно. Оваа битка ќе ми помогне да направам нешто огромно за навивачите и мојата историја. Нашите грешки нè терат да развиваме и благодарение на нив јас сум тоа што сум денес“, рече Силва за ЕСПН.