Младата македонска џудистка која живее во Холандија, Анастасија Крстевска, е третопласирана на Џудо куп турнирот во Ден Хаг.
Анастасија се настапи во категорија до 38 кг и имаше четири борби, две со девојчиња кои совлада без проблем и две момчиња, бидејќи немало доволно женски натпреварувачи. Момчињата биле далеку поискусни, па и двете борби ги изгубила на поени.
Инаку, Анастасија која има осум години, тренира само еден месец во џудо клуб во Ден Хаг во Холандија и за тоа време покажува добар талент и високи резултати.
„Ние сме задоволни за нејзиниот успех за толку краток период на тренирање и се надеваме во иднина со поголемо искуство ќе знее да постигне многу поголеми резултати на врвни турнири“, велат нејзините родители.
Ipon.mk/В.Д.