Анадерсон Силва: Борците се лицето на УФЦ, а не Дана Вајт

Легендата Андерсон Силва повеќе не е дел од УФЦ и може да зборува за нив без грижа. 46-годишната легенда тврди дека борците се лицето на УФЦ, а не претседателот Дана Вајт. Во последниве години честопати глчедавме борци на УФЦ да се жалат за платите што ги добиваат.

За жал, скоро сите борци на УФЦ молчат, но не зборуваат додека не се повеќе дел од организацијата. Истото е и со Андерсон, кој издржа во УФЦ и сега одлучи да каже дека борците не ја сфатија нивната важност.

Одамна се зборува за сојуз на борци за заштита на спортистите, но тие никогаш не го создадоа. Од сето ова, победници се Дана Вајт и УФЦ, кои заработуваат милиони и им даваат само трошки на своите борци.

Во интервју за медиумите, Силва зборуваше за поранешната организација.

„Дана Вајт е Дана Вајт. Тој е главниот лик на УФЦ. Мислам дека борците се лицето на УФЦ. Сепак, тие мора да се обединат, бидејќи во спротивно работите ќе продолжат како што се сега.

Борците не треба да се плашат. Новите генерации сакаат да одат на УФЦ, но не се обединети.

Ако борците беа обединети и ја сфатија нивната важност за спортот во УФЦ, тогаш тоа ќе промени се за новите генерации“, рече Силва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON