Скопјанката Ана Николовска се закити со четири златни медали на Австралиско сестилско првентство кое се одржа 2 декември.
Ана ја освои шампионската титула во конкуренција од 15 до17 години во континуирана борба во 3 минути. Таа стана шампион на Австралија и со ката тимот. Исто така и нејзиниот државен тим стана првак на Австралија (борби на австралиските држави).
Вториот ден на натпреварувањето го освои златниот медал во кумите до еден поен за 14 до 15 години.
Така, Ана Николвска во две категории е шампион на Австралија за 2017 година, во континуирана борба и во кумите до еден поен.
Голема заслуга во развојот и љубовта спрема каратето има тренерот на КК Партизан од Кочани, Јорданчо Петров.
Ipon.mk/В.Д.