Ана Николовска покажа што е македонска карате школа во Австралија!

Ana treta vo avstralija

Најдобрите се најдобри секаде. Така и Ана Николовска, која е од Скопје, а од пред пет години живее во Австралија, минатиот викенд покажа дека е една од најдобрите млади каратистки на континентот. Николова на „Австралија опен“ освои бронзени медали и во борби и во кати.
Но таа не е најдобра само во карате, туку е прогласена и за најдобар ученик во нејзиното училиште.
Најголем „виновник“ да го засака и да почне да вежба карате е нејзиниот кум, Јорданчо Петров, тренерот на КК Партизан од Кочани, кој поради работните обврски престојувал кај нив во Скопје и така почнал да и покажува некои елемнти и техники од овој спорт. Покажаувањето поминало во посериозно вежбање, кое во Австралија се надоградува.
Петров нагласува дека нејзина силна страна се ножните техники.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON