Амра Фејзула, во категоријата до 57 килограми, имаше голема шанса да се пласира меѓу осумте најдобри во светот и да се замеша во борбата за медалите, откако на сомнителен начин, со едно јуко, беше поразена од Бразилка Виторија Анраде на Светското првенство за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина.
„Голема штета! Ќе се најдеше меѓу осумте нјадобри и во борба за медал. Во систем од 32 натпреварувачи на елиманиции, таа во 1/8 финалето, од каде што зпочнува борбите, во првото коло ја совлада репрезентативката на Босна и Херецеговина Селма Хајрун, со што влезе во 16 најдобри. Во борбата со Виторија Андраде, Фејзула беше рамноправна, а на моменти и подобра противничка од Бразилката. Вотекот на борбата Фејзула изработи едно фиксирање, доколку успееше да ја задржи ќе победеше. Имаше и неколку акции од стоечка позиција, на крајот загуби со едно јуко. Но, морам да нагласам, таа имаше две исфрлања, кои требаше да бидат досудени во нејзина корист, а со тоа и да оствари победа“, вели тренерот на репрезентацијата Горан Мицкоски.
Останатите две репрезентативки, Берна Шерифовска и Абреша Реџепи беа поразени во првото коло. Шерифовска загуби од претставничката на Чешка, Вера Земанова, додека Реџепеи беше поразена од Мосадиер Адаис од Франција.
ipon.mk/В.Д.