Амир Кан со занимлива понуда: Сакам две борби со Мек Грегор, една во ММА и една во бокс

Konor Mek Gregor i Amir Khan

Амир Кан, поранешен боксерски шампион, не се откажува од идејата за борба со шампионот на УФЦ, Конор Мекгрегор, по правилата на ММА. Многу го исмеаја, како и Конор, но Кан и понатаму е одлучен и на маса стави интересна понуда.

29-годишниот боксер му понуди Ирецот договор за две борби, една по ММА правилата и една во боксерскиот ринг.

„Ова не е само за стекнување на публицитет. Вистина е. Конор зборува дека би се борел со боксер, го сакаше Флојд Мејведер, но тој не сакаше тоа. Ако јас и Мек Грегор го направиме тоа, ќе направиме една ММА борба и една во рингот. Тоа сигурно ќе биде успех“, рече Кан за „Супер спорт“.

„Боксот е мојот приоритет, но ми се нудат договори за ММА. Сакам да пробам нови спортови, а можеби нешто и ќе се случи во иднина. Конор го чека тешка борба со Дијаз, ќе видиме. Ќе ми требаат шест до осум месеци подготовки, напорен тренинг и фокус на ММА. Добро удирам со нозе“, рече Кан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON