Британскиот боксер, Амир Хан, продолжува со обидите да обезбеди средба со Флојд Мејведер, и покрај повлекувањето на Американецот. Мега ѕвездата на светскиот бокс во септември објави дека завршува активниот спорт. Тој ги закачи ракавиците по 49 победи од 49 натпревари.
Во последните неколку години Амир Хан не престана да го предизвикува Мејведер и беше многу блиску до меч со него. Англичанецот дури победи во анкета на навивачите, која беше лично пуштена од Флојд, со ветување да се бори против победникот во гласањето. Сепак, најдобриот спортист за 2015-та претпочиташе да се бори со Маркос Мејдани.
„Престани да се однесуваш како пиле и бори се со мене. Изгледа како Мејведер да е уплашен и едноставно не сака да боксира со мене. Луѓето треба да знаат дека тој го избегнува Амир Хан“, рече Хан.
Британецот планира да се бори со Дани Гарсија. Тој се надева да му го нанесе првиот пораз на светскиот шампион во полусредна категорија, кој го наследи појасот на Мејведер.