Американски боксер убиен за Бадник од возило во движење пред девојката и децата

Американскиот боксер Дени Кели Јуниор, кој последен пат се бореше во 2019 година, е убиен на Бадник откако во него било пукано од возило во движење.

Триесетгодишниот боксер со семејството бил на божиќна забава кога возило застанало пред семејството, по што се чуле истрели. Целиот настан се случил пред неговата девојка и трите деца, кои се неповредени во настанот.

Кога на местото на настанот пристигнала брзата помош, Кели бил онесвестен, со повеќе рани на телото. Подоцна бил прогласен за мртов.

„Ова е апсолутно тежок губиток за семејството и пријателите на господин Кели. Денеска, на Божиќ, не е дома со најмилите, кои сега го оплакуваат наместо да слават“, соопштија од полицијата.

Потрагата по сторителот е во тек, не е познат мотивот за убиството. Полицијата нуди награда од 25.000 долари за информации кои би довеле со апсење на убиецот.

Од 14 професионални борби Кели има резултат 10-3-1, со девет нокаути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON