Амедовски нокаутиран за 17 секунди на УФЦ настанот во Данска (ВИДЕО)

Ален Амедовски е поразени во втората борба во УФЦ.

Синоќа на настанот УФЦ во Данска Амедовски беше нокаутиран од Џон Филипс од Велс за само 17 секунди.

Амедовски од оваа година е дел од УФЦ и така стана првиот наш претставник кој е роден во Македонија да биде дел од оваа организација. За Амедовски ова беше втор пораз. Од друга страна борецот од Велс против нашиот претставник ја прекина својата серија од три порази во низа.

По борбата Амедовски се огласи дека не жали поради поразот, додавајќи дека и поразите се дел од октагонот.

Останува среќен, позитивен, вистински воин и на своите фанови и најави дека наскоро ќе се врати…

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1336853536478332&id=471482323015462&substory_index=0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON