Денеска во раните утрински часови во Лас Вегас се одржа долгоочекуваниот меч меѓу Мигуел Кото и Саул Алварез.
Во првите неколку рунди Кото беше поактивен и добро се движеше. Сепак, кон средината Канело успеа да се адаптира и да ги израмни силите. По шестата рунда Алварез прејде во иницијатива и работите почнаа да стануваат се помачни за Мигуел.
Во последната рунда на Кото му беше повредена аркадата до левото око и на крајот на средбата судиите едногласна му ја дадоа победата на Канело, кој стана шампион во средна категорија на ВБЦ.
https://youtu.be/BdCnP5U1KD4