Сол Алварез-Канело и Генади Головкин имаа два меча за паметење. Првиот заврши нерешено, а во вториот, една година подоцна, Алварез победи со контроверзна судиска одлука. Иако во тоа време се зборуваше за трилогија, и по две години такво нешто не се случи.
Но, ако повторно се сретнат, Алварез е уверен дека ќе го нокаутира „ГГГ“ за да стави крај на сите сомнежи.
„Немам што да докажам на никого. Ја завршив својата работа со тоа што веќе два пати го победив. Ако „ГГГ“ сака да се пресели во погорната категорија со мене, тогаш ќе видиме, сè додека тоа го сакаат навивачите”, рече Канело.
„Се чувствувам многу добро, се чувствувам силно. Се чини дека сум во топ форма и продолжувам напорно да тренирам. Ако се борам по трет пат со Головкин, мислам дека ќе го нокаутирам и сериозно ќе го повредам”.
Алварез доаѓа по победата над Калум Смит во декември и се очекува да се соочи со Авини Јалдирим во февруари во Мексико пред да направи уште една битка во мај.