Алпај Демиров обезбеди бронза, ќе се бори за влез во финалето, како и Ѓоше Ѓошев

Алпај Демиров (- 60 кг) ја забележа и втората победа на Меѓународниот меморијален боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија, Бугарија, совладувајќи го Ален Ахметовиќ од Хрватска 5-0 (30-27, 29-28, 29-28, 29-28, 30-27) со што обезбеди бронза на овој силен турнир во календарот на АИБА.

Покрај Демиров бронза обезбеди Ѓоше Ѓошев (-54 кг) кој директно се пласира во полуфиналето и утре се бори за влез во финалето против домашниот боксер Николај Атанасов.

Да потсетиме дека Алпај вчера го совлада Кристофер Спанос од Кипар со 3-2. Елес Асанов (-52 кг) загуби од Тарек Каудухан од Хрватска 0-5 (27-30, 27-30, 28-29, 27-30, 28-29).

„По првата победа над кипарскиот боксер Кристофер, Алпај Демиров денска го совлада и Хрватот Ахметовиќ со што се пласира во полуфиналето, а со тоа го обезбеди бронзениот медал. Во полуфиналето Алпај за противник го има домашниот боксер Коста Симеонов. Сепак,  ова е успех, бидејќи е извојуван на силен меѓународен турнир“, изјави за Ipon.mk селекторот Петар Чурлиновски.

Тандемот Чурлиновски – Фатон Салиху треба да биде задоволен од настапот на овој силен турнир.

На овој турнир со префикс на АИБА натсапуваат 180 боксери од 18 држави кои доаѓаат од 4 континенти.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON