Три години без победа во професионалниот ринг и третман на поразите со алкохол, ваква е сликата околу Александар Емелијаненко. Рускиот ММА борец е познат по својата ексцентричност и бурниот темперамент. Спортистот во тешка категорија не еднаш влегуваше во проблеми и непријатни ситуации, но овој пат негативностите околу него ги фрли неговиот менаџер – Азамат Бостанов. Агентот призна дека борецот бил зависник од алкохол.
„Александар е зависник од алкохол, но ние ќе останеме со него. Ќе се обидеме да му помогнеме, за да се откаже. Не сум во позиција да го контролирам секојдневно, но се среќаваме секој ден. Не постои начин да се окови или заклучи. Тој ми е близок пријател и не би го оставил во тешка ситуација“.
Пред неколку дена Александар забележа втор последователен пораз во ММА, откако Марсио Сантос го принуди да се откаже во првата рунда од нивната борба во Русија.
https://www.youtube.com/watch?v=wfZhl73DedM&feature=emb_title