Легендарниот Алистер Оверем влегува во кафезот овој викенд и ќе се бори против Алексеј Олејник во главната битка на настанот во Русија. Оверем требаше да се бори против Александар Волков, но се пензионира, а Олејник влезе како замена. Рем е во феноменална форма и очекува агресивна борба која нема да стигне до судиска одлука.
„Има промена во мојот стил, сега е поагресивен и притискам здраво. Тоа е нешто што работевме во битката со Павлович. Но, сега имам нов противник и друга средба која бара новини и ќе ги видите овој викенд. Битката може да заврши во стој, бидејќи јас сум добар во тоа, но може да заврши и на подот, затоа што имам добар граунд и паунд.
Во ММА постојат 1001 начин да го завршите противникот. Силен сум и имам сè што треба да победам. Овој викенд ќе го победам. Мислам дека сум подобар од него во секој поглед, но тој има добра борба и може да те сабмитне. Тој е агресивен и сака да притиска. Не се грижам за него. Во моментов сум феноменална форма и нема да стигнеме до судиска одлука“.