Боречката легенда Алистер Оверем падна на допинг тест по настанот Глори Колишн 4 минатиот октомври во Арнем.
Во неговиот камбек кик бокс меч по УФЦ, Демолишн мен со едногласна одлука го победи Бадр Хари.
Таа борба најверојатно на крајот ќе биде поништена, а Рем може да се соочи со суспензија.
Алистер деновиве е во Тајланд, а гостуваше на ОНЕ на ревијата во Бангкок, седејќи веднаш до арената.
Overeem spotted Cageside at #ONEFightNight6 👀 pic.twitter.com/qdcxgcTy55
— FNM_Fightchannel (@fnm_fc) January 14, 2023
Веднаш почнаа да кружат гласини дека кариерата ќе ја продолжи во ОНЕ Чемпионшип, а Рем веднаш реагираше и преку Инстаграм порача дека ништо нема од тоа.
„Само да објаснам нешто. Во Тајланд сум на годишен одмор, а ОНЕ ме покани да им бидам гостин во Бангкок. Како љубител на спортот, секогаш уживам да гледам добри борби. Дојдов само како посетител и ништо повеќе. Затоа, им велам на сите луѓе кои сакаат да шират гласини: „Жал ми е, но нема ништо од тоа. За мене постои само Глори“, напиша Алистер Оверем.
View this post on Instagram