Големата легенда во боречки вештини Алистер Оверем верува дека ќе стане шампион во тешка категорија на Глори. Кон крајот на следниот месец ќе се бори со шампионот Рико Верховен. Тие ќе го предводат настанот Глори Колишн 3 што ќе се одржи во Арнхем.
Ова ќе му биде прва борба во кик -бокс по 11 години на Алистер, кој е во серија од 5 последователни победи во кик боксот и последен пат го победи Питер Аертс со нокаут за 67 секунди во 2010 година.
Алистер ги помина последните години во ММА, а забележа импресивни победи. Тој не успеа да ја освои титулата на УФЦ, но верува дека тоа може да го направи во Глори. Оверем е првиот борец кој истовремено има титули во ММА и во кик бокс.
„Подготвен сум да се борам. Ќе излезам да ја земам титулата на Глори 79 во тешка категорија“, напиша „Рем“ на социјалните мрежи.