Алина Курти, ученичка на нашиот тренер Борче Лескаровски во Кашива кан од Бил Бине, Швајцарија, освои бронзен медал во борби на силниот Меѓународен карате турнир „Аустријан карате чемпионс куп“ во Хард.
Курти ја освои бронзата во кадетска конкуренција во категоријата до 47 килограми. Во борбата за бронсениот медал славеше против Јана Флаш од Греманија со 6-0. Претходно имаше победа против Емили Мајер од Германија 11-6, а загуби од Италијанката Мартина Монегини 0-2.
Џихан Шахин го освои петтото место во кадети до 52 кг.
На турнирот настапија 366 каратисти од 79 клуба од повеќе држави.