Мердијан Алими извојува победа на Марк Шепич од Словенија во финалната борба на Меѓународниот турнир „Омладинска златна ракавица“ во Бања Лука, а Петар Аросвски загуби од домашниот боксер Лука Михаиловиќ.
На овогодинашната Златна ракавица во Бања Лука, Босна и Херцеговина, учествуваат Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Австрија,Босна и Херцеговина и Кипар.
Резултати:
-57 кг Петар Арсовски – Лука Михаиловиќ (БиХ) 0-3
-52 кг Мердијан Алими – Марк Шепич (Словенија) 3-0
-46 кг Бајрам Мамутовски – Гаши Северџан (Србија) без борба, WO за Северџан