Македонија ќе настапи со двајца боксери на Меѓународниот младински турнир „Куп на нациите“ во Врбас, Србија, од денес па до 27 мај.
Тренерот Насер Харуни ќе ги предводи Мердијан Алими (-52 кг) и Баки Ајети (-80 кг). Во нашата експедиција е и судијата Стефан Цубалевски.
На турнирот ќе настапат боксери од 29 земји, како што се САД, Казахстан, Узбекистан, Русија и државите од регионот.