Алим Насуфи се пласира во финалето на Златниот гонг

Алим Насуфи (71 кг) слевеше во полуфиналето против Велјко Вукадиновиќ од Словенија со 5-0 на Меѓунарден боксерски турнир „Златен гонг“ и утре ќе се бори во финалето. Дион Лена (63.5 кг) загуби од Мохамед Осама од Англија 0-5.

Денес во финалето се борат Петар Арсовски 60 кг и Филип Новаковски 86 кг.

На Златниот гонг во Скопје се пријавени 52 боксери од 12 држави.

Покрај нашите репрезентативци на „Златен гонг“ ќе настапат боксери од: Англија, Шведска, Молдавија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија, Белгија, Словенија, Косово, Албанија и Полска.

Турнирот се одржува во спортската сала „Македонско сонце“ при ОУ „11 Октомври“ во Ценатар.

Финалните борби се денес во 15 часот.

Златен гонг:

51 кг Шабан Димитров (Бугарија) – Ридшоу Рисе (Англија) 0-5

60 кг Хеди Хедроус (Шведска – Лорент Мурати (Косово) 3-2
60 кг Роланд Галош (Унгарија) – Пулен Фреди (Англија) 0-5

63,5 кг Дион Лена (Македонија) – Мохамед Осама (Англија) 0-5
63,5 кг Максим Телепиз (Молдавија) – Валог Марк Адолф (Унгарија) 5-0

67 кг Салех Хилал (Шведска) – Козмин Неагу (Романија) 5-0
67 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Јемин Алмуќа (Албанија) 4-1

71 кг Венхан Хазири (Косово) – Игор Рогиќ (Србија) 0-5
71 кг Алим Насуфи (Македонија) – Велјко Вукадиновиќ (Словенија) 5-0

75 кг Богдан Русу (Романија) – Јозеф Праси (Косово) 0-5 КО Р1
75 кг Александар Шерифвиќ (Србија) – Робин Броме (Шведска) 5-0

80 кг Бранко Винчич (Шведска) – Иштван Тамаш (Унгарија) 0-5  б.б.

92 кг Кациу Фабио (Албанија) – Андреј Заплинти (Молдавија) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON