Алигатор му ги гризна прстите на синот на Кличко (ФОТО)

Egor-Daniel Klicko

Синот на боксерската легенда во супер тешка категорија Виталиј Кличко бил нападнат од алигатор и има сериозни повреди на прстите на едната рака. Инцидентот се случил во Националниот парк „Еверглејдс“, во близина на Мајами, Флорида, каде 16-годишниот Егор-Даниел од пред неколку месеци работи како волонтер.

Помладиот Кличко, сепак, не изгледа загрижено од блиската средба со алигаторот, отккао ја пушти снимката од инцидентот на социјалните мрежи.

Prstite na maliot Klicko

„Правило број 1, кога работиш како чувар на алигатори. Ако алигаторот Ирвин сака храна, дајте му храна. Така ги добив овие сини шевови“, напиша тинејџерот кој според лекарите имал среќа што не остнал без прсти.

Prstite na klicko 2

Наследникот на поранешниот светски шампион и актуелен градоначалник на Киев, Витали Кличко, е ученик во престижниот приватен колеџ Ranson Everglades School каде што таксата за една година е 34.100 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON