Али Абдел Азиз, менаџерот на шампионот во лесна категорија на УФЦ, во интервју за ТМЗ изјави дека непоразената бокс легенда Флојд Мејведер се моли за борба во рингот против непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов.
Тие се предизвикуваа преку социјалните мрежи пред неколку месеци, но сè се смири. Имаше гласини дека битката меѓу нив би можела да се случи на стадионот во Русија, но УФЦ интервенираше и ги олади страстите. Неодамна Орелот потпиша нов договор кој ги комплицира работите, но Абдел Азиз има друго мислење.
„Јас ќе ви кажав една работа и тоа е дека секој ден Флојд се моли за боксерскаа средба со Хабиб. Неговите пари се трошат. Секој ден се контактираат со нас, но засега немаме интерес. Ќе се бориме со Пјер, кој е неприкосновен предизвикувач. Фергусон е следниот, а има многу убијци во категоријата.
Постои и меч со Жорж Сент Пјер, кој е мој човек и може да го победи Фергусон. 100 отсто имаме интерес за борба со ЖСП и тоа е тоа што најмногу не возбудува. На крајот на кариштата луѓето треба да се борат“.