Ален Рустемовски го победи Русинот Евгени Лјашков во финалето на 66. Златна ракавица во Чачак, Србија, и покажа дека може да се носи со најсилните боксери во светот.
Двјацата боксери прикажаа одличен бокс.
Во првата рунда Рустемовски добро се носеше и се движеше, при штои задаваше и удари, а Русинот посериозно нападна на крајот од рундата.
Поинтересна втора рунда во која Русинот се отвори и пласираше комбинирани удари, но ален возрваќаше со аперкати.
Уште подобра трета рунда која помина со обострана размена на удари. Русинот напаѓаше силовито, но Ален се извлекуваше и пласираше контра удари.
Судиите одлучија 2-1 за Рустемовски.