Ален Рустемовски славеше против Франческо Издија на ЕУБЦ купот во Будва

Ален Рустемовски извојува победа со едногласна одлука 5-0 против Франческо Издија од Италија на ЕУБЦ куп во Будва, Црна Гора.

Победата на Ален е поголема, ако се знае дека Италијанецот во 2021 година бил европски првак во У-22.

Наредната среба на Ален Рустемовски е на 11 октомври против победникот од редбата меѓу Илја Варабју од Белорусија и Роланд Верес од Унгарија.

Нашиот втор претставник Ник Николов ќе се судри со Александру Парашив од Молдавија на 10 октомври.

На Купот настапуваат 178 боксреи од 33 држави.

Николов е ново име во македонската репрезентација, кој по татко е штипјанец, а досега ги настапувше за Словенија.

Во машка конкуренција има 13 тежински категории со парична награда од 15.000 долари за прво место, 10.000 долари за второ место и 5.000 долари за трето. Сепак, четвртфиналистите исто така ќе имаат право да добијат награда која е 1.000 долари за секого.

ЕУБЦ куп во Будва:

57 кг Ален Рустемовски – Франческо Издија (Италија) 5-0

57 кг Ален Рустемовски – Илја Варабју (Белорусија)/ Роланд Верес (Унгарија) 11 октомври

67 кг Ник Николов – Александру Парашив (Молдавија) 10 октомври

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО