Ален Рустемовски денес ќе се бори во финалето на 66. Златна ракавица во Чачак, Србија, против Русинот Евгени Лјашков.
Лјашков беше подобар од Крузито Ковач од Унгарија и славеше со судиска одлука 3-0.
Рустемовски директно се пласира во финалето во категоријата до 57 килограми, бидејќи имаше многу откажувања на турнирот. Но, во финалето има тежок противник.
На Златната ракавица настапуваат 54 сениори и 12 сениорки. Битката за најдобар тим на турнирот ја водат Русија, Србија и Франција.