
На силниот Меѓународен турнир „Странџа куп“, кој порано важеше за неофицијално светско првенство, нашиот репрезентативец Ален Рустемовски во категоријата до 60 килограми во првата борба ќе ги вкрсти ракавиците со Романецот Василие Скалко.
Во категоријата на Ален се пријавени 29 боксери.
Нивниот меч е утре, а борбите почнуваат во 17 часот по македонско време.
На турнирот настапуваат 129 боксерки и 209 боксери, вкупно 338 учесници.



