Ален Рустемовски избоксира големо финале со Русинот Савин на „Белградски победник“

Ален Рустемовски избоксира големо финалето со Русинот Едуард Савин на Меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник“, иако загуби со поделена одлука.

Рустемовски го освои сребрениот медал, напредувајќи едно место повеќе од лани, кога го освои бронзениот.

Ален покажа дека може да се и носи и со најголемите, така што некои работи ќе мора да ги поправа оти искусните боксери лесно ги користат грешките.

Првата рунда почна динамично, така и заврши, при што Русинот имаше 2-3 удари повеќе, пред се со лев директ.

Втората рунда донесе поголема агресивност од Рустемовски, а неговата десница добро работеше. Но, во вториот дел Савин многу добро контрираше и задваше по два удари. Убава рунда со многу динамика.

„Здрави живи да сме! Слава на Бога!

Со главата горе чесно и поштено.

Имавме голема желба да го добиеме овај меч и тоа не понесе заедно, но што е тука е млади сме, уште ќе учиме и ќе се надградуваме.

Ви благодариме на сите за поддршката на нашата Национална боксерска Федерација и пријателите тука во Србија.

Наша следна цел Европското првенство за сениори, исто тука во Белград Србија од 18 до 28 април“, напиша на Фејсбук тренерот Јове Петровски – Оцо.

Турнирот е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.

Резултати – Белградски победник:

57 кг
Полуфинале
Ален Рустемовски – Габриел Ескобар (Шпанија) 5-0

Финале
Ален Рустемовски – Едуард Савин (Русија) 1-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON